• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Тренинзи

СВЕСНОСТ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ – СТРЕС МЕНАЏМЕНТ

Времетраење: 3 часа / максимум 20 вработени

Локација: Zoom

Стресот е неизбежен дел од секојдневниот живот и заради тоа учењето како да се справиме со истиот е неопходен и задолжителен дел од секоја брза и динамична средина. Преку оваа работилница вработените имаат можност да научат повеќе за и да истражат некои од изворите на стрес на работното место, да научат како да ги препознаат симптомите и како самите може да имаат влијание врз нив и да направат нешто за да се заштитат.

Цели:

Преку индивидуална работа и работа во мали групи вработените ќе имаат можност да:

  • Научат како да се справуваат со стресот на здрав начин
  • Да исражат нови начини како може да се поддржат себе и да го поддржат своето ментално здравје
  • Да научат како да се приземјат и проактивно да ги користат системите на поддршка со цел да го намалат влијанието на стресот
  • Да истражат нови стратегии за тоа како може да им се спротивстават на секојдневните предизвици

Како?

За целите на оваа работилница користиме:

  • Индивидуална работа и работа во мали групи
  • Дијалог
  • Рефлектирање
  • Водена визуелизација
  • Техники за приземјуање (Grounding)