• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Психотерапија

ОРГАНИЗАЦИСКА ПСИХОТЕРАПИЈА

Обезбедувањето на постојана поддршка за добросостојбата на вработените е есенцијален дел од секоја успешна компанија. Еден начин да се постигне ова е преку психотерапија. Преку процесот на психотерапија вработените имаат можност да научат нешто за нивната моментална состојба, емоции, мисли, однесувања и да научат како да превземат контрола врз сопствениот живот и согласно на тоа да одговорат на предизвиците во нивното секојдневие прек употреба на адекватни системи на поддршка.

Сесиите се изведуваат во времетраење од 60 минути со искусен EAGT и EAP акредитиран психотерапевт кој работи во склад со највисоките етички стандарди и ги следи сите GDPR препораки. Сите наши терапевти се придржуваат кон Етичкиот кодекс на Европската Асоцијација за Гешталт Психотерапија. Од тука сите наши практики кои се однесуваат на доверливост, safeguarding и кодекс на професионално однесување може да бидат најдени во етичкиот кодекс на EAGT.

Кои се придобивките од организациска психотерапија за вработениот и за организацијата?

Придобивките за вработените опфаќаат:

  • Безбедно место каде ќе може да зборуваат за своите проблеми
  • Развивање на ефективни начини за справување со проблемите
  • Можност подобро да се запознаат и разберат себе си
  • Воспоставување или зајакнување на вештините за справување со стрес

Придобивките за организацијата вклучуваат:

  • Намалување на бројот на боледувања кои вработените ги користат
  • Намалување на бројот на вработени кои си заминуваат и даваат отказ
  • Продуктивен начин за справување со сензитивни ситуации и проблематични однесувања
  • Подобрување на перфорансата на вработените

Креирање на репутација на организација која се грижи за своите вработени – култура на безбедност