• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Консалтинг

КОНСАЛТИНГ ЗА ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ

ГО Центар има дијалошки пристап кон организацискиот развој. Тоа значи дека нашите консултанти се посветени на одреден сет на вредности секога кога влегуваат во организација. Ние веруваме дека консултантите се фасилитатори и каталисти кои го поддржуваат целиот процес на промена преку подигање на свесноста. Не даваме готови одговори затоа што веруваме дека клучот за успехот е да се најдат и изградат одговори на сопствен начин  и да се креира сопствена приказна.  Ова не значи дека ќе биде лесно, многу често ќе биде потребо да се напушти зоната на комфорт, само затоа што е единственото место за раст, но претходно ќе осигураме дека ја имате потребната поддршка.