• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Психотерапија

ГРУПНА ПСИХОТЕРАПИЈА

Иако индивидуалната психотерапија е најчесто препорачаната форма на терапија, зависно од типот на проблем со кој клиентот се соочува, групната психотерапија може да биде идеален избор за адресирање на грижите и правење на позитивни промени во сопствениот живот.

Групната психотерапија вклучува еден или повеќе терапевти кои ја водат групата, која може да биде составена од три до четири члена но не повеќе од 10 членови. Вообичаено, групата се среќава вво времетраење од два часа еднаш неделно или еднаш на две недели зависно од договорот кој групата го има.

Групите се креирани за да таргетираат одредена тема – може да бидат групи за личен раст и развој или групи кои адресираат специфични проблеми како шо се депресија, обезност, панични нарушувања, социјална анксиозност, хронична болка итн. Групите може исто така да се фокусираат погенерално на подобрување на социјалните вештини, помош при справување со лутина и бес, срамежливост, осаменост и ниска самодоверба. Групите многу често им помагаат и на оние кои искусиле некоја загуба на блиска и сакана личност, без оглед дали станува збор за партнер, дете или некој кој извршил самоубиство.

Како може групната психотерапија да ми помогне?

Иако помислата за приклучување кон група на непознати луѓе може да биде застрашувачка на почеток, групната терапија може да биде многу позитивно искуство. Групите може да служат како мрежа за поддршка и место на кое ќе биде клиентот чуен. Регуларното зборување и слушање на останатите му помага на клиентот да ги постави сопстените проблеми во перспектива и дури и само слушањето на искуствата на другите луѓе во групата може да му даде на клиентот нови увиди и простор за промена и поддршка.