• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Тренинзи

ГРАДЕЊЕ НА РЕЗИЛИЕНТНОСТ (ОТПОРНОСТ)

Времетраење: 3 часа / максимум 20 вработени

Локација: Zoom

Резилиентноста (отпорноста) е квалитет кој им овозможува на луѓето да бидат флексибилни и да се прилагодуваат соодветно на неизбежните промени во животот, да бидат соборени и повторно да се издигнат на нов начин. Преку оваа работилница вработените ќе научат како да се приземјат и да се поддржат во тешки времиња, да развијат вештини преку следење на сите четири начни на знаење, да бидат подобри во пружање на поддршка на тимот и да се справуваат со тешки ситуации.

Цели:

Преку индивидуална и работа во мали групи вработените ќе:

  • Рефлектираат како можат да изградат резулиентност на индивидуално и тимско ниво
  • Да истражат нови начини за поддршка на индивидуите и тимот
  • Да научат како да се приземјат и проактивно да ги користат системите на поддршка
  • Да ја зголемат својата свесност за значајноста на нивната добросостојба (и физичка и ментална)
  • Да истражат нови начини за тоа како може да одговорат и да се справат со секојдневните предизвици

Како?

За целите на оваа работилница користиме:

  • Индивидуална работа и работа во мали групи
  • Дијалог
  • Рефлектирање
  • Водена визуелизација
  • Техники за приземјуање (Grounding)