• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Учење

ГО ПРОГРАМА ЗА КОУЧИНГ И ОРГАНИЗАЦИСКИ РАЗВОЈ

ГО програмата за коучинг и организациски развој е програма која ја нудиме во соработка со Relational Change. Наменета е за сите кои се заинтересирани за коучинг и организациски развој и истата нуди проширување на перспективите на сите учесници. Работиме со сценарија од вистинскиот живот кои учесниците ги носат во групата.  Во текот на тренингот работите еден-на-еден и во мали групи. Програмата содржи теорија и пракса и опфаќа различни теоретски позадини – гешталт теорија, релациски гешталт, целокупна интелигенција, теорија на комплексност, U теорија итн. Успешно завршување на програмата им овозможува на учесниците да стекнат часови кои им овозможуваат продолжување на ROG тренинг во Велика Британија.

КО-ЛИДЕРИ НА ПРОГРАМАТА

Ангелика Буровски, MSc, EAGT-GPO и Фросина Ристовска, MSC,  EAGT, EAP

Прва година

Модул 1: Групен процес, личен раст и развој

Модул 2: Развој на присутност и свесност

Модул 3: Отелотворување

Модул 4: Одговарање на ситуацијата – теорија на поле и резилиентост (отпорност)

Модул 5: Дијалог

Модул 6: Групна динамика

Втора година

Модул 7: Коучинг и системско мапирање

Модул 8: Коучинг и системско мапирање – втор дел

Модул 9: Основи на релациски гешталт

Mодул 10: Селф (self) – релациски гешталт

Mодул 11: Друг (other) – релациски гешталт

Mодул 12: Ситуација (situation) – релациску гешталт

Секој модул се состои од 11 часа во два последователни дена – 8 часа во сабота попладне, 3 часа во недела наутро

Со цел учесниците да се квалификуваат за диплома потребно е да се исполнат неколку предуслови:

  • 3 Акциони истражувања 500 зборови секое
  • 1 студија на случај од 3500 зборови
    • Опис на случајот
    • Употреба на селф како инструмент
    • Гештал теоија/мапа
    • Преглед на литература
  • 40 часа коучинг практика
  • 15 часа индивидуален коучинг по цена од 15 евра по сесија
  • 10 часа индивидуална супервизија по цена од 20 евра за 45 минутна сесија
  • 30 часа групна супервизија по цена од 20 евра за 3 часовна сесија

Цената за двегодишната програма е 1500 евра вкупно, односно 750 евра по година, со можност за 10% попуст доколку се направи уплата пред почетокот на модул 1.

Coaching for HR
Coaching for Managers