ГО Центар има дијалошки пристап кон организацискиот развој. Тоа значи дека нашите консултанти се посветени на одреден сет на вредности секога кога влегуваат во организација. Ние веруваме дека консултантите се фасилитатори и каталисти кои го поддржуваат целиот процес на промена преку подигање на свесноста. Не даваме готови одговори затоа што веруваме дека клучот за успехот е да се најдат и изградат одговори на сопствен начин и да се креира сопствена приказна. Ова не значи дека ќе биде лесно, многу често ќе биде потребо да се напушти зоната на комфорт, само затоа што е единственото место за раст, но претходно ќе осигураме дека ја имате потребната поддршка.