• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Што нудиме?

СУПЕРВИЗИЈА

Супервизијата е задолжителна за сите психотерапевти и е високо препорачана за коучовите и консултантите. Не одиме на супервизија затоа што е задолжителна, одиме за да ја осигураме најдобрата можна практика и да се грижиме за себе како инструменти. Супервизијата преставува формален процес во кој психотерапевтот, коучот или консултантот регуларно ја презентра својата работа со клиенти на супервизорот кој тој/таа го одбрал како начин на подобрување и збогатување на сопствената пракса преку внимателно рефлектирање на процесот. Главната цел на супервизијата е да ја осигура ефикасноста на праксата што за возврат ќе им овозможи на психотерапевтите, коучовите и консултантите да употребуваат најобри практики во работата со нивните клиенти.

Супервизијата вклучува колаборативна релација која едновремено има и фасилитаторска и евалуативна компонента, истата се продолжува низ времето, има за цел да ја збогати професионалната компетентност, го мониторира квалитетот на услугите кои се нудат и обезбедува функција на “професионално чување” (gatekeeping).

Супервизијата се ври во срого професионална релација и истата ги прати сите начела на доверливост. Може да има поеќе начини на кои супервизијата ќе се изврши:

  • Индивидуална OD и коучинг супервизија – еден на еден, може да биде направена во живо или онлајн
  • Групна Супервизија – групи од максимум 6 учесници, може да биде направено во мала група во живо или онлајн
  • Индивидуална Психотераписка Супервизија – еден на еден, може да биде направена во живо или онлајн
  • Групна Психотераписка Супервизија – групи од максимум 6 учесници, може да биде направено во мала група во живо или онлајн

Двајца од нашите членови од тимот поседуваат Сертификати за Супервизија од Велика Британија и се посветени на поддржување и на психотерапијата и на коучингот како одделни професии во Македонија. Ние сме релациски ориентирани и сме отворени за сите кои доаѓаат од различни тераписки и коучинг едукациски правци, при што нудиме групна и индивидуална супервизија зависно од потребите.