• ул. Никола Русински бр. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
Во Што нудиме?

КОУЧИНГ

Коучингот во својата основа вклучува релација возрасен-со-возрасен и претпоставува дека коучот и клиентот (coachee) се еднакви и дека коучот ги има потребните ветшини за да го фасилитира процесот на развивање на свесност кај клиентот. Во ГО Центар, нудиме различни форми на коучинг – life коучинг, извршен (executive) коучинг и кариерен коучинг. Во основата на сите форми на коучинг е релацијата која ја градиме со нашите клиенти. Преку употреба на Гешталт алатки за коучинг, ги поддржуваме нашите клиенти во откривање на онаа верзија од самите себе која ја посакуваат и постигнување на поголема свесност за себе и нивното опкружување.