• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
In Uncategorized

ИНДИВИДУАЛНА ПСИХОТЕРАПИЈА

Индивидуалната психотерапија претставува процес преку кој клиентите работат индивидуално со терапевт кој поседува соодветен тренинг и сертификација. Просторот во кој се одвиваат тераписките средби е безбеден, згрижувачки и доверлив. Психотерапијата претствува терапија преку зборување и се користи за третман на различни емоционални проблеми и проблеми поврзани со менталното здравје. Индивидуална психотерапија им се нуди на сите оние кои се заинтересирани за личен раст и развој или се борат со некаква форма на психосоматски симптоми вклучувајќи и анксиозност, депресија и катастрофични очекувања. Индивидуалната терапија може да се понуди и на оние кои се наоѓаат во ситуација на справување со големи животни промени или трауми или процес на тагување и загуба. Преку терапискиот процес клиентот ги истражува своите чувства, верувања или однесувања со цел да ја зголеми својата резилиентност и да развие адекватни системи на поддршка. Клиентите исто така работат преку предизвикување на силните сеќавања, идентификување на аспекти од животот кои сакаат да ги променат, поставување на лични цели и работат кон остварување на своите цели.

Како може да ми помогне психотерапијата?

Психотерапевтот може да понуди безбедна средина во која клиентот ќе може да:

  • ги изрази своите чувства
  • добие подлабоко разбирање и увид во работите со кои се соочува
  • научи нови механизми на справување
  • менаџира нивоата на стрес
  • да работи на работи кои можеби не се чувствува удобно да ги зборува со други

Терапевтот ќе ја третира секоја тема која клиентот ќе ја донесе и ќе цели кон помагање да се изнајдат подобри начини на справувае, или да се направат промените во начинот на размислување и однесување кои би ја подобриле целокупната добросостојба на клиентот.

Колку сесии ќе ми бидат потребни?

Бројот на психотераписки сесии зависи од индивидуалните потреби на клиентот и варира помеѓу шест и десет сесии приближно. Сесиите се во времетраење од 45-60 минути и се обавуваат еднаш неделно, или со физичко присуство или онлајн зависно од преференциите на клиентот.