ГО програмата за коучинг и организациски развој е програма која ја нудиме во соработка со Relational Change. Наменета е за сите кои се заинтересирани за коучинг и организациски развој и истата нуди проширување на перспективите на сите учесници. Работиме со сценарија од вистинскиот живот кои учесниците ги носат во групата. Во текот на тренингот работите еден-на-еден и во мали групи. Програмата содржи теорија и пракса и опфаќа различни теоретски позадини – гешталт теорија, релациски гешталт, целокупна интелигенција, теорија на комплексност, U теорија итн. Успешно завршување на програмата им овозможува на учесниците да стекнат часови кои им овозможуваат продолжување на ROG тренинг во Велика Британија.
КО-ЛИДЕРИ НА ПРОГРАМАТА
Ангелика Буровски, MSc, EAGT-GPO и Фросина Ристовска, MSC, EAGT, EAP
Прва година
Модул 1: Групен процес, личен раст и развој
Модул 2: Развој на присутност и свесност
Модул 3: Отелотворување
Модул 4: Одговарање на ситуацијата – теорија на поле и резилиентост (отпорност)
Модул 5: Дијалог
Модул 6: Групна динамика
Втора година
Модул 7: Коучинг и системско мапирање
Модул 8: Коучинг и системско мапирање – втор дел
Модул 9: Основи на релациски гешталт
Mодул 10: Селф (self) – релациски гешталт
Mодул 11: Друг (other) – релациски гешталт
Mодул 12: Ситуација (situation) – релациску гешталт
Секој модул се состои од 11 часа во два последователни дена – 8 часа во сабота попладне, 3 часа во недела наутро
Со цел учесниците да се квалификуваат за диплома потребно е да се исполнат неколку предуслови:
Цената за двегодишната програма е 1500 евра вкупно, односно 750 евра по година, со можност за 10% попуст доколку се направи уплата пред почетокот на модул 1.
Coaching for HR
Coaching for Managers