• St. Nikola Rusinski No. 29-18
  • contact@gestaltinorganizations.com
In Тренинзи

БАЛАНС ПОМЕЃУ РАБОТАТА И ЖИВОТОТ

Времетраење: 3 часа / максимум 20 вработени

Локација: Zoom

Нереалистичниот архетип за идеален вработен е граден со декади и истиот е поврзан со верувањето дека идеалниот вработен е оној кој е целосно посветен на својата работа и е достапен 24 часа дневно, 365 дена годишно, секоја година од својата кариера. Ова звучи невозможно, но заедно со желбата да се успее професионално може да ги натера луѓето да ја стават својата добросостојба на страна. Креирањето на подобар баланс помеѓу работата и животот неизбежно ќе придонесе кон позадоволни вработени и ќе ги поддржи во нивната целокупна добросостојба.

Цели:

Преку индивидуална и работа во мали групи вработените ќе:

  • Научат како да менаџираат добар баланс помеѓу работата и животот без оглед на секојдневните предизвици
  • Ќе научат нови начини како може да се поддржат себе си и членовите на нивните тимови додека обезбедуваат добар баланс во текот на нивниот ден
  • Ќе научат како да користат техники за приземјување и како да се реенергизираат и да го вратат својот баланс додека се на работа
  • Ќе станат свесни за изборите кои ги прват и како истите ги поддржуваат или спречуваат во креирањето на обар баланс помеѓу работата и животот

Како?

За целите на оваа работилница користиме:

  • Експериментирање и истражување преку индивидуална работа и работа во мали групи
  • Дијалог
  • Рефлектирање
  • Водена визуелизација
  • Техники за приземјуање (Grounding)